Оптимизам и ведрина, сите ракометари здрави и мотивирани, изборот широк и главоболките поголеми од што има квалитет, а не од што нема. Во ваква клима македонските ракометари денес се собраа во Скопје на почетокот на подготовките за ЕП во Полска. Без разлика што недостига „тешката артилерија“ која и натаму треба да си ги заврши клупските обврски, сепак националната приврзаност можеше да се почувствува денес на првата средба на репрезентативците. Радува и младоста, многубројните ракометари кои имаат десетина настапи во дресот со државниот грб и треба да ја испишат нашата иднина во овој спорт. Од тоа како ќе се подготвиме многу работи зависат и како ќе минеме во Полска. Затоа сега почнува фазата која стручњаците ја сметаат за најчувствителна и најважна за остварување на успех на големите приредби.


Македонските ракометни репрезентативци


Македонските репрезентативци на собир во Хотел Русија




Македонските ракометари во Хотел Русија










Стојаанче Стоилов на собирот на репрезентацијата





Данило Брестовац пред новинарите

