Сите македонски ракометари подготвени и видно мотивирани се загреваат за првиот бараж меч против Чешка во Злин. Под будното око на Лино Червар и неговиот стручен штаб, ракометарите ги прават сите подготовки за важниот меч за место од СП во Франција. За разлика од минатата година, македонската поддршка сега е посилна и сите веруваат дека полскиот кошмар од Краков и Гдањск е заборавен и дека Македонија наскоро ќе им се врати на победите.










