По најдоброто можно сценарио македонската ракометна репрезентација ја „сомле“ Чешка во Скопје со 34-27 (19-11) и по петти пат ќе игра на едно Светско првенство. Ракометарите одговорија на предизвикот и на критиките и со најдоброто издание во последните една година донесоа неколку задоволства: репрезентативна пензија со стил за Миркуловски и Мојсоски, прва победа на Червар на селекторската фунцкија и место во ждрепката во Париз, каде Македонија ќе го продолжи континуитетот од учества на големите приредби.






















