Така делуваа, така и потврдија дека се чувствуваат. Македонските ракометари ги „ресетираа“ досегашните емоции и спремни се да отпочнат со последниот бран енергија на Европското првенство. На денешниот тренинг Французите доцнеа со своето излегување од „АВФ арената“, па нашиот тренинг започна 15-20 минути подоцна. Обрван ги има сите ракометари на располагање, а Норвешка може да е нешто поуморна од синоќешната ракометна „војна“ со Полска. Нека биде утрешниот меч наш нов почеток.



Боркоо Ристовски и Филип Кузмановски

















Гоце Георгиевски пред мечот со Норвешка

