Ниту една национална репрезентација толку долго не настапува на големите спортски приредби. Тринаесет големи натпреварувања по ред македонските ракометари играат на големите приредби. Победата над Чешка од 27-25 е една од најголемите во нашата историја и уште долго ќе се раскажува. Младиот бран ја презеде „штафетата“ и Кузмановски и Талески ја оправдаа довербата и ја совладаа моќната чета на Сабате, која на Европското првенство беше „тврд орев“ за секој ривал. Ракометарите емотивно прославија и долго по завршувањето на натпреварот останаа на теренот со своите најблиски.