Дербито на екипите кои освоија трофеите во мак-фудбалот минатата сезона не ги оправда очекувањата, а Вардар ја победи екипата на Работнички со 1-0 во меч за заборав. Шампионот на Седлоски прокнижи бодови за титула, а потроши и уште едно коло со +5 на врвот. Дамир Којашевиќ се покажа како полн погодок, а одбраната делува непробојно за останатите прволигаши. По пет мечеви без победа на Работнички му останува само Купот, за оваа турболентна сезона по нешто добро да ја памети.









































