Ако по првиот меч може да се суди, среќата го напушти нашиот претставник во Лига Европа, Работнички. По 1-1 на домашен терен против Будуќност, резултатот ги прави задоволни Црногорците, иако македонскиот тим покаќа многу повеќе. Алтипармаковски и Сахити ја годеа стативата, створени беа десетина шанси пред Драгојевиќ, но само еднаш и тоа во финишот се тресеше неговата мрежа. Надежта постои пред реваншот во Подгорица, но нишанските справи на момците на Франц мора да бидат подобри од попладнево.




































