Втората градска пресметка на „вечните“ ривали оваа сезона беше полна со енергија и со сите заштитни знакови на едно од најавтентичните македонски спортски ривалства. МЗТ Скопје авторитетно помоќен, Работнички со македонски „производ“ до крај жилав да врати за поразот во Охрид за полуфиналето на Суперкупот. Победата од 90-85 на „металците“ реален епилог, а наредната приказна во „Градски парк“ е шансата за Докузовски и неговиот тим за израмнување на сметките.
Дуел под обрачите на мечот МЗТ Скопје - Работнички
Кошарка-Работнички-МЗТСкопје
Кошарка-Работнички-МЗТСкопје2