Во меч во кој драматиката како да беше пресилкана од минатонеделниот дуел на Вардар Јуниор и Тинекс Пролет, ракометарите на Работнички покажаа ментална сила во периодот кога се решаваше победникот на мечот со Тинекс Пролет. Голманот Ѓорѓевски пак се покажа како голман со клучен учинок во натпреварот, а Вања Илиќ постигна 12 од вкупно 23 гола на неговата екипа. Победа од 22-23 за второ добиено дерби за екипата на Андон Бошковски оваа пролет.





































