Можеби претпоставуваа дека полесно ќе дојдат до победата, но ракометарите на Работнички мораа да треперат до последната секунда за бодови против Вардар Јуниор (29-27). Крилата на Андон Бошковски дадоа 18 гола од вкупно 29 на дебармаалци и тоа беше клучен фактор за победата. Три од три за „црвените“ оваа пролет за разлика од Вардар Јуниор, кој има само еден триумф. 500 љубители на ракометот видоа драма слична како онаа во есенскиот дел, кога се израдуваа вардарци.