Вардар во домашниот шампионат е мотив за секој тим да даде и повеќе од 100% кога игра против првакот. Работнички денес покажа карактер и квалитет и го испоти тимот на Раул Гонзалез, кој на крајот сепак се радуваше со +12. Вардарци имаа вистинска генерална проба за Веспрем, а Работнички иако не е тимот кој ја почна Супер лигата, сепак покажа вредност и добра организираност. Малкубројните љубители на ракометот видоа дека по Охрид и Работнички, Вардар е спремен за в сабота да го одигра мечот на годината против Веспрем во Скопје.

































