Работнички ја запиша третата победа во ПМФЛ во низа, на гостувањето кај Тиквеш (1-3) во 30. коло на ПМФЛ. Средбата на „Градскиот стадион“ во Кавадарци во целост им припадна на гостите кои го надиграа Тиквеш и дојдоа до нови бодови. Со головите на Маркоски и Гандо во првиот, а потоа и Велкоски, „Романтичарите“ направија предност која Ивановски во финишот само ја намали.