Кошаркарите на Пелистер и Работнички одиграа тврд и неизвесен натпревар во третото коло на Суперлигата, а победата на крајот замина кај скопскиот состав, кој славеше со конечен резултат 87-91. Во клучните моменти, екипата на Владимир Мирковски беше повеќе присебна во нападите, така ја забележа третата победа на третата средба.














































