Потценувањето и лошиот пристап не смеаат да ни се случат во Шафхаузен следниот викенд, бидејќи поправен испит нема да има. Македонската младинска селекција во ракомет денес си дозволи да игра 30 минути под ритам и со лоша одбрана и напад, па дури и да губи од Бугарија. Подоцна работите си дојдоа на свое место и победата од 31-21 ги фрла во заборав лошите први 30 минути во кои Македонија како да беше Бугарија, а Бугарија личеше на Македонија. Добро е што ова беше тест натпревар и нема да има големи последици, но лекцијата е сервирана. Во Шафхаузен потребна е Македонија со концентрација и фокусираност цели 60 минути.





















