Без разлика каков беше натпреварот, возбудлив или досаден, присутните во четирите арени во Краков едвај чекаа полувреме или тајм-аут. „Виновници“ за тоа се полските чирлидерки, кои беа уникатно добар „зачин“ на натпреварите и самото Европско првенство. Ретко кој остануваше рамнодушен на нивната убавина, шарм и професионален настап. Па така и нашиот фотоапарат си одбра омилен дел од вкупно 42 одиграни натпревари на 12. европско првенство во Полска.





























