Македонските ракометари го одработија последниот тренинг максимално професионално, смирено и насмеано и се подготвени за предизвикот кој се вика Франција. Новинарите и љубопитните останаа 15 минути, а потоа Обрван и Брестовац во мир потврдија што бараат од ракометарите на мечот закажан за утревечер.
Филип Лазаров ќе биде единствениот на трибините, а другите ќе го бараат скопскиот рецепт од квалификациите, кога за малку не ремизиравме против најмоќната светска репрезентација. На трибините утре ќе биде израмнето, па дури и подобро за нас, а како ќе биде на паркетот на „Краков арената“ ќе се знае утре од 18.00 часот.
Македонски репрезентативци пред мечот со Франција
Насмевки и оптимизам кај македонските ракометари пред европското деби
Стојанче Стоилов на тренинг