Одбојкарите на Македонија покажаа дека вчерашната игра против Албанија било само еден лош ден, откако денес Данска беше преслушана на убедлив начин со 3-0 во сетови. Токму против скандинавскиот состав вечерва го одигравме најдобриот натпревар во досегашните меѓусебни дуели. Целта е исполнета и Македонија пак е меѓу четирите најдобри екипи во Европската лига. Следниот објектив е титулата.










































