Малото градско дерби на Скопје го оправда епитетот, затоа што Пролет и Бутел одиграа супер-неизвесен натпревар, а на крај среќата застана на страната на гостите кои со квалитетен финиш извојуваа сигурна победа од 20-24. Избраниците на Андон Бошковски имаа контрола врз резултатот во поголемиот дел од натпреварот. Меѓутоа потфрлија кога се одлучуваше победникот и му го отворија патот на Бутел до големи три бода. Запазена улога на овој натпревар имаа Мирко Мајиќ и Дејан Пецаковски со по девет погодоци.