Ракометарите на Еурофарм Пелистер се радуваа на четврта плеј-оф победа во исто толку натпревари во Суперлигата на Македонија. Овојпат во салата „Боро Чурлевски“ падна Пролет (32-26). Скопјани немаа сили да му парираат на фаворитот за титула, пружија отпор, ама не успеаја да изненадат. За пелистерци ова беше прва средба по ерата на Ларс Валтер, од клупата тимот го водеше Божидар Мојсов, а се очекува промоција на нов тренер во следниот период.