Добро одмерените засилувања и хомегоноста на тимот кој игра со години е адутот на Пролет на почетокот на новата сезона. Екипата на Андон Бошковски за само десетина минути го реши прашањето на победникот против Прилеп и се залепи со Еурофарм Пелистер и Вардар меѓу водечките и непоразените (31-28). Натпреварот беше продолжување на добрите вибрации од дуелот со Металург минатата недела. „Зелените“ едвај чекаат дуел со водечките за да проверат колку напредувале во споредба со минатата сезона.