Емилијан Ѓорговски се смета за еден од најголемите ракометни таленти во Македонија. Младиот стружанец тоа го докажа и на вечерашната средба на Еурофарм Пелистер 2 против Пролет. Одличниот бек одигра брилијантна партија, постигна тринаесет гола во противничката мрежа, а епилогот од тоа беше победа на младите пелистерци од 28-25. Ѓорговски во текот на зимската пауза се врати во вториот битолски тим и се чини го направи вистинскиот потег, затоа што по тешката повреда ја доби потребната минутажа за да се врати во посакуваната форма, која што мината сезона му донесе прекоманда во првиот тим на Еурофарм Пелистер.