Ракометарите на Пролет конечно ставија крај на лошата серија и победија по три последователни порази, на домашен паркет против Скопје со 34-26. „Фенерџијата“ во Суперлигата немаше сили за изненадување против релативно поквалитетниот ривал, па бодовите останаа за Пролет. На овој дуел во двете екипи диригираа Иван Џонов во победничкиот и Марио Мишевски во поразениот табор со по девет погодоци.