Прилепска победа мечтае по враќање во Првата лига. Некогашниот првак не настапува на домашен терен половина сезона, а победува само во гости во ВМФЛ. Така денес во Ѓорче Петров ја совладаа Македонија Ѓ.П. Со 1-3 (1-2) и направи голем исчекор кон враќање во елитата. На „крилата“ на ветераните Мегленски и Гешоски и со неколку талентирани млади фудбалери, Победа освои седум бода на теренот во Ѓорче Петров и со тој залет на осум кола до крајот на пролетта се надева дека ќе стигне најмалку до третото место, кое води во баражот за промоција во ПМФЛ.