Фокусирани кон големиот меч и мисијата која ги чека, македонските ракометари го завршија официјалното загревање пред мечот со Чешка од возвратната бараж програма за место на СП во Франција. Посебни вниманието е насочено кон Филип Миркуловски и Наумче Мојсоски кои ги играат последните 60 минути за националната репрезентација. Даскалоски место Митревски е единствената замена на Червар од тимот во Злин, а Филип Кузмановски не е во тимот, заради незалечената повреда.















