Повторно само впечатоци и аплаузи, а резултатот изостана. Македонија загуби и на овој старт на европско првенство, но нашите навивачи горди заминуваат дома. Против оваа Франција не може да се оствари нешто повеќе, ако не се игра 60 минути максимално квалитетно и мора да се има огромна доза на среќа. Поразот од 30-23 и приказната во Краков сигурно повеќе ќе буди пријатно од непријатни спомени, но пораз сепак си е пораз.