Екипата на Вардар направи кикс. Како голем фаворит црвено-црните гостуваа кај Пелистер во Битола, ама не успеаја да го освојат целосниот плен, затоа што големото дерби во македонскиот фудбал заврши со најнепопуларниот фудбалски резултат - 0-0. Пелистер игра за опстанок, Вардар за титула. И на двете страни бодовите им беа неопходни, а поделбата на пленот повеќе им одговара на „зелените“. Вардар ја задржа предноста во однос на Шкендија, но сега таа е само еден бод, затоа што тетовчани го победија Работнички во својот меч.













































