Екипата на Тиквеш е последниот учесник во плеј-офот во македонскиот кошаркарски шампионат. Кавадарчани го фатија последниот воз за место меѓу најдобрите шест, со голема победа над ТФТ, кој останува лидер затоа што МЗТ загуби во последното коло. Уште еднаш оваа сезона најдобрите клубови во мак-баскетот ќе гостуваат во салата „Јасмин“.



















































