Будуќност и Задар се минато и МЗТ Скопје пак победува во Јадранската лига. Не требаше многу да се мотивираат „штрковите“ и да започнат во свој стил. Уште помалку требаше да попуштат и да им дозволат на Словенците дури и +10. Но како и секогаш МЗТ Скопје си игра со нервите на своите навивачи, а овој пат играта донесе насмевка. Братската коалиција Луковиќ ја „потпиша“ победата од 77-70 над Тајфун и опстанокот во АБА лигата.







































