Одбојкарската селекција на Македонија ја оствари првата зацртана цел и квалификациите за следното Европско првенство ги започна со посакувана победа над репрезентацијата на Босна и Херцеговина (3-1). „Спартанците“ експресно ги заборавија лошите настапи и поразите од Бугарија и вечерва во Скопје покажаа игра како што се очекуваше од нив. Босна можеби не разочара со својата игра и беше достоен противник во поголемиот дел од натпреварот, но искуството и квалитетот на нашите момци дојде до израз во прав момент и заслужено ги грабнавме првите бодови во овие квалификации.