Младата селекција за фудбалери до 18 години е следна која треба да дојде на сцена по оваа до 21 година, која не радува во овој циклус квалификации. Затоа по двата меча со Финска, денес момците на Јетон Несими ја совладаа Бугарија со 1-0 (0-0) под будното око на претседателот Илчо Георгиески и селекторот на младата репрезентација Благоја Милевски. Првите вибрации се позитивни, а нека биде така и в четврток од 11.00 часот кога двете селекции ќе одиграат уште еден тест.





















