Иако во таборот на Пелистер владееше одлична атмосфера по неверојатната победа над Шкупи во претходното коло (70-103), сепак, Работнички покажа класа и повторно му зеде скалп на „зелено-белите“ оваа сезона и запиша значајна победа во битката за што подобар пласман во плеј-офот. Натпреварот во Битола заврши со сигурна победа на најтрофејниот од 83-90, со која Работнички се искачи на третото место на табелата. Џулијан Рош со 18 поени и Стојан Ѓуроски со два поени помалку беа најрасположени во таборот на Работнички, а за домаќинот се истакнаа Мишковиќ со 28 и Гамбрел со 22 поени.



































