Вардар знаеше да излезе на крај и со многу посилни противници од Спартак, но начинот на кој денес го водеше и го реализира со триумф мечот со српскиот вицешампион одушевува (36-18). Момците на Раул Гонзалез го подигнаа моралот, ја распределија минутажата, конечно блеснаа и македонските репрезентативци. Штета што шоуто на Филип Лазаров, Манасков, Стоилов ја видоа рекордно мал број на гледачи. Петта врзана победа и сите на заслужен одмор. Одмор кој подобро изгледа кога се гледа од врвот.
Дејан Манасков во акција на мечот со Спартак