Со многу тензија Љубанци и Победа го одиграа второлигашкото дерби од 17. коло. Момците на Дарко Стојкоски по ремито со Македонија Ѓорче Петров освоија три бода на теренот на Љубанци и сонуваат приклучок во борбата за ПМФЛ. Дефанзивецот Александар Крстески беше човекот на одлука во нервозното саботно попладне во Скопје (0-1), каде доминираа пцовките, прекршоците, картоните и тепачките. Но, веќе навикнавме на тоа, па често известуваме за нефудбалски отколку фудбалски теми.