Илузија беше да се очекуваат бодови против моќната Црна Гора на Драган Аџиќ, но олимпискиот вицешампион мораше да се испоти против подмладената Македонија, како што тоа го направи Словенија пред повеќе од еден месец. Победата од 21-27 не го отсликува реалниот тек на денешниот квалификационен натпревар во Скопје, во кој девојките на Симе Симевски и тоа како добро парираа против фаворитот. Нека играат вака в недела во Ријека против Хрватска, па целата наша јавност ќе биде целосно задоволна.






























