Прекрасен пливачки хепенинг се случи денес на државното првенство во Скопје на кое имињата на Блажевски, Стојановски, Смилевски, Барамачева, Крстевска, Дамјановска се испишаа како нови национални шампиони. Марко Блажевски и пливачите на ПК Бета повторно доминираа, а радува и одличната масовност. Од таа масовност треба да се изроди и поголем квалитет како надежта за што е можно подобри резултати во пливачкиот спорт ќе порасне.