Екипата на Скопје одново разочара во клучен натпревар во ПМФЛ и со денешниот пораз во Кавадарци својот спас ќе го бара преку баражот. Во рамките од 32. коло во македонскиот шампионат, „сино-белите“ беа убедливо поразени од Тиквеш со 4-0 (0-0) и така ги загубија сите шанси за директен опстанок во елитата. „Пиратите“ сега и официјално своето место во Првата лига ќе го бранат преку баражот по завршувањето на сезоната, а за противник ќе го имаат Вардар. Тиквеш пак со стил се одјави од домашната публика, бидејќи последното овосезонски натпревар го игра во Прилеп против Победа.