Задоволство беше да се види почеток на една голема пинг-пинг приредба во нашата земја. Да се увериме дека можеме да организираме манифестација од овој тип и да поставиме стандарди за во иднина. Надежните пинг-понгари од 20-тина земји цел ден во СЦ „Борис Трајковски“ беа дел од спектаклот кој привлече љубители на овој спорт од главниот град. Со оглед на тоа што нашите пинг-понгари запишаа порази, уште се во фаза на стекнување искуство пред следните предизвици.