Македонскиот претставник во БИБЛ-лигата, екипата на Академија ФМП, никако да ја прекине лошата серија во регионалното натпреварување. Во петтиот натпревар на меѓународна сцена, тимот од Кисела Вода на домашен терен загуби од Левски (74-103). Бугарскиот гостин беше убедлив во дуелот со македонскиот претставник, кој, пак, во ниту еден наврат немаше шанса да се надигрува и да се надева на евентаулен успех во овој натпревар. ФМП во текот на мечот поведе само еднаш, на почетокот на вториот квартал (27-26), а потоа Левски влезе во серија, создаде разлика (37-46), која на крајот изнесуваше високи 29 поени.