Фудбалерите на Вардар ја одиграа најубедливата партија оваа сезона и го декласираа Тиквеш со 7-0 во ПМФЛ. Натпреварот на националната арена „Тодор Проески“ мина во целост во знакот на домашниот тим кој го декласира ривалот од Кавадарци со седум гола во неговата мрежа. Вардарци пак се на „плус четири“ во однос на Шкендија која утре го дочекува Башкими.
















































