Златниот пехар на ФИФА, наменет за светските фубалски прваци, денес блесна во македонската престолнина. Претседателот на Македонија, Стево Пендаровски, во друштво поранешниот светски шампион, Жилберто Силва, го открија престижниот трофеј. Познато е дека трофејот покрај оние кои што ќе го заслужат на терен, може да биде допрен само претседателите на државите членки на ФИФА, па така Пендаровски е единствениот од нашата држава кој што ја имаше таа чест да го подигне.