Ако Скандерборг Архус и Бутел беа најава за подобри денови и подигнување на формата, натпреварот со Агуаш Санташ е голем чекор назад за вицешампионот на Македонија. Еурофарм Пелистер одигра само 27-27 и треба да биде среќен што освои бод, бидејќи лесно можеше да остане и без него. Посебно лошото второ полувреме остави трага врз момците на Валтер, кои на крајот беа спасувани од најмладите - Павле Атанасијевиќ и Марко Кизиќ. Пласманот во осминафиналето е на дофат, но играта не радува пред клучните плеј-оф натпревари.