Еурофарм Пелистер покажа дека подолгата клупа беше пресудна и го доби првото плеј-оф дерби против Вардар (27-21). Овој триумф на „зелено-белите“ во салата „Боро Чурлевски“ само дополнително ја зачини трката за титулата во Суперлигата. Вардарци парираа колку што можеа, меѓутоа кратката ротација во вториот дел се покажа како пресудна. Избраниците на Бранислав Ангеловски инспирирани од разиграните Филип Кузмановски, Домен Тајник и голманот Урбан Лесјак во второто полувреме го надиграа ривалот и запишаа убедлив триумф.