Кошаркарите на Пелистер се радуваа во една од дерби пресметките на 12. коло во Првата кошаркарска лига на Македонија. Избраниците на Марјан Илиевски се распукаа и броеја до 117 против гостиварчани, кои беа немоќни во салата „Боро Чурлевски“. Со овој триумф пелистерци ги заборавија поразите во последните две рунди на првенството.