Играа за своја душа и расположение на своите фанови ракометарите на Еурофарм Пелистер и со второто полувреме ги задоволија „Чкембарите“ и љубителите на ракометот. Голден Арт беше одличен во првиот дел, дури и водеше, но на крај не можеше повеќе од чесен пораз (32-25). Без Руди Сери, но со расположените Ѓорговски и двајцата Тунижани, Хосни и Суси, домаќинот продолжува по планот во домашниот шампионат. 500 љубители на ракометот ги наградија со аплауз двете екипи, посебно момците на Ларс Валтер.