Кошаркарите на Пелистер го совладаа ТФТ Моцарт со 100-80, во првиот полуфинален натпревар од Првата македонска кошаркарска лига. Битолчани го оправдаа домашниот терен, во целост го надиграа и заслужено го добија дуелот со скопјани. Со оваа претстава, момците на Марјан Илиевски покажаа дека со сигурен чекор одат кон финалната серија и нова битка за трофејот.