Екипата на Еурофарм Пелистер ја заврши домашната задача и со победа над Бутел Скопје (26-18) во рамки на осмото коло од плеј-офот во Суперлигата се подготви за првото од двете „финалиња“ од кои се очекува да го одлучат расплетот за домашната титула. Пелистерци тргнаа споро и половина полувреме беа во егал со бутелчани. Меѓутоа, потоа се влезе во посакуваниот ритам, избраниците на Јовиќ и Шундовски даваа гол по гол и дојдоа до висока победа над ривалот од Скопје во салата „Боро Чурлевски“.