Ракометарите на Еурофарм Пелистер го добија натпреварот со Војводина (30-25), во рамките на третото коло на СЕХА лигата. Пелистерци конечно ја израдуваа битолската публика, бидејќи ја запишаа првата меѓународна победа оваа сезона во салата „Боро Чурлевски“. Подмладениот состав на српскиот тим не успеа да приреди изненадување и го запиша првиот пораз во групата каде што игра и Нексе Нашице.