Перфектното битолско попладне го заокружија ракометарите на Еурофарм Пелистер. Само неколку часа по победата на помладите колеги, битолските ракометари не се ни испотија за триумф против Скопје. Валтер им даде шанса на сите ракометари, посебно на Македонците и финалните 32-17 донесоа едно полетно издание на вицешампионот. Заштедени беа Хосни и Ѓорговски, малку играа Лесјак и Суси и пелистерци со мислите веќе се насочени кон Суперкупот в недела во Охрид против Вардар 1961.