Пелистерци одиграа моќно второ полувреме и го „скршија“ Куманово за убедлив триумф (92-62) во натпреварот од 18. коло на Суперлигата на Македонија. Со поддршка на публиката во салата „Боро Чурлевски“ екипата на Боро Даскаловски стигна до тринаесеттата победа во сезоната. По викенд-поразот од шампионот МЗТ, пелистерци се вратија на посакуваниот колосек и одржаа каков-таков чекор зад водечката двојка.
















































