Македонскиот ракометен првак Еурофарм Пелистер со пораз ја затвори сезоната во Лигата на шампионите. „Зелените“ пред својата публика загубија од ПСЖ (26-35) и завршија со три победи, двa реми исхода и девет порази во четиринаесет одиграни натпревари. Натпреварот за пелистерци беше само за престиж и за честа, додека на ПСЖ му беа потребни бодовите во битката за второто место. Сепак, тимот на Раул Гонзалез беше подобар во сите сегменти и заслужено се радува на победата во салата „Боро Чурлевски“, која беше полна до последното место.











































